30.6 C
Los Angeles
August 18, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Унгарија повторно воведува вонредна состојба поради корона вирусот

Унгарија воведува вонредна состојба и полициски час на полноќ, поради зголемувањето на бројот на случаи со ковид-19, што се заканува дека ќе ги преоптовари болниците, изјави премиерот Виктор Орбан. Тој додава дека ќе побара од парламентот да го потврди воведувањето вонредна состојба на 90 дена и да воведе полициски час што ќе трае од полноќ до 5 часот.

„Време е да преземеме нови мерки за да можеме да ја зачуваме функционалноста на нашите болници и да ги заштитиме животите на старите лица“, рече Орбан во видео обраќањето на Фејсбук.

Унгарија ќе ги затвори баровите и клубовите , а училиштата остануваат отворени, како и продавниците и рестораните, а навивачите ќе можат да ги следат натпреварите на стадионите. Вонредната состојба што ќе и овозможи на владата да управува преку извршни уредби стапува на сила на полноќ, додаде премиерот.

„Треба да ја оставиме настрана политичката дебата, потребна ни е брза акција и навремено дејствување“, рече тој.

Во Унгарија  се регистирани 90 илјади позитивни на вирусот и  вкупно 2063 смртни случаи од почетокот на епидемијата.

Во меѓувреме, и унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, се зарази со коронавирусот.

Сијарто, кој се наоѓа во официјална посета на Тајалнд, нема симптоми.

Related posts

Кајли Џенер позира до нејзиниот „бугати кирон“

admin

Царовска: Образовниот модел што го избравме дава разултати, така да продолжиме и во наредниот период

admin

Маричиќ: Потребна е дигитализација на сите нивоа во судството

admin