Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, соопшти дека бродот за сондажа „Фатих“ по подготвителните работи започна со сондажа во изворот „Туркали-1“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Донмез, во објава на својот профил на Твитер, истакна: „Бродот „Фатих“, по подготвителните работи започна со сондажата во Црното Море, во изворот „Туркали-1“. Сондажата ќе трае 75 дена. Нека биде плодоносно.“
Турција продолжува со потрагата по енергетски ресурси во подрачјето на Црното Море, каде досега откри 405 милијарди кубни метри природен гас. Изворот „Туркали-1“ се наоѓа во гасното поле Сакарија.