29.4 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Турција забрани пушење на отворено

Турција од денес воведува дополнителна мерка против коронавирусот. Пушењето на отворено е забрането во сите 81 област на земјата – на улици, паркови, плоштади, градини и спортски терени. Наредбата дојде од турското Министерство за внатрешни работи, објави „ОН ЕР“.

Министерството соопшти дека поради тоа што пушачите ги вадат маските од лицето додека пушат, тоа е спротивно на правилна употреба на маските како средство за запирање на ширењето на КОВИД-19. Со ова се наложи воведување на забрана за пушење на отворено.

Забраната за пушење во затворени простории во земјата, воведена пред извесно време, исто така останува во сила.

До денес, има над 46.000 активни случаи на КОВИД-19 во Турција. Повеќе од 3.000 од нив се во критична состојба. Вчера земјата објави уште 87 смртни случаи од опасната инфекција и 2.529 нови случаи.

Related posts

Зошто „Ворнер“ не ја отпушти Амбер Херд како што направи со Џони Деп?

admin

Чичкото на Надал ќе добие директорско место во Барселона

admin

EU’s Barnier says upcoming UK legislation could push Brexit talks into crisis – RTE

admin