21.4 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Турција: Во потонувањето на туристички брод во Аланија настрада едно, спасени се 37 лица

Вкупно 37 патници се спасени од брод кој потона во турскиот медитерански град Аланија, соопшти Командата на Турската крајбрежна стража, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од туристичкиот брод кој потона извлечено е едно тело.

Градоначалникот на Аланија, Адем Мурат Јуџел за новинарите изјави дека жртвата е 37-годишен странски државјанин, кој не успеал да се спаси бидејќи се наоѓал во многу тесен простор.

Пловилото потона 50-100 метри од брегот, а сè уште не е позната причината за бродоломот.

Спасувачките тимови на Турската крајбрежна стража пристигнаа на местото на несреќата.

Related posts

Кон: Ситуацијата е критична, мерките во секој случај беа задоцнети

admin

Во светот над 68 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19

admin

Олбрајт за Балканот: Националистичките лидери и натаму играат на картата на национализмот и ги потпалуваат страстите

admin