30.9 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Трамп тврди дека му се избришани 2,7 милион гласови

Федералните изборни власти кажаа дека овие избори за Белата куќа биле најбезбедните во американската историја, отфрлувајќи ги тврдењата на Доналд Трамп за измами и неправилности.

„Нема никакви докази дека во изборниот систем има избришани, изгубени или изменети гласови или дека тој бил компромитиран на кој било начин“, соопшти Советот за координирање на изборната инфраструктура.

Таа се огласи откако Трамп неосновано обвини дека биле избришани 2,7 милиони гласови што тој ги добил. Тој сѐ уште не признал пораз, иако според последните проекции, има дури 73 електорски гласови помалку од Џо Бајден. Место тоа, кампањата на Трамп покрена низа судски тужби против објавените резултати во неколку клучни сојузни држави.

„Изборите на 3 ноември беа најбезбедните во американската историја. Токму сега, изборните комисии низ целата земја уште еднаш го проверуваат целиот изборен процес, пред да ги објават конечните резултати. Иако знаеме дека има многу неосновани тврдења и можности за дезинформации за нашиот изборен процес, ве уверуваме дека можете да имате целосна доверба во безбедноста и интегритетот на нашите избори“, беше објавено на сајтот на Агенцијата за сајбербезбедност и инфраструктурна безбедност (ЦИСА), која е дел од Одделот за татковинска безбедност.

Трамп претходно објави твит во кој напиша дека изборниот софтвер што се користи во 28 сојузни држави избришал милиони гласови што тој ги освоил, но тоа не го поткрепи со докази

Related posts

Герапетритис: Оној кој ќе се вакцинира ќе добие потврда и ќе избегне тестирања при патувањата

admin

Повеќе од 2.000 азиланти во Британија лажеле за возраста за да го измамат системот

admin

Леброн доби 85 милиони долари за дополнителни две години со Лејкерси!

admin