27.1 C
Los Angeles
August 18, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Тијаго Силва: Фудбалерите не се роботи

Бразилецот Тијаго Силва го крева гласот против густиот распоред. Многумина сметаат дека играњето на секои три до четири дена придонесува за честите повреди кај фудбалерите, но ретки се оние кои јавно зборуваат.

Минатиот месец Кевин Де Брујне се пожали на распоредот, а сега тоа го напарави и фудбалерот на Челси.

„Ние не сме роботи. Неодамна го видовме истражувањето дека ризикот од повреди е зголемен доколку играте на секои три дена. За нас тоа е загрижувачки“, рекол Тијаго Силва.

Искусниот Бразилец ова лето стана играч на Челси. Во Лондон, тој пристигна како слободен играч.

Во саботата, против Шефилд јунајтед (4:1), тој го постига деби голот за „сините“.

Related posts

Владата во Италија не дава пари за спас на Серија А

admin

Турција воведува „полициски час“ и ги затвора училиштата

admin

Нов негативен рекорд во кораназаразите во Албанија, се затвораат судовите и градинките

admin