20.7 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Тачи: Дијалогот пропадна, бидејќи вака како што се води оди во корист на Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека дијалогот на Србија и Косово има смисла само ако се дискутира за заемно признавање.

Во спротивно, како што истакна, дијалогот пропаднал.

„Овој дијалог има смисла само ако предлогот за заемно признавање се стави на маса, во спротивно воопшто нема смисла, целосно е непотребен, пропаднат е, и оди во корист на Србија, вака како што сега се води“, изјави Тачи.

Дијалогот на Србија и Косово повторно почна по прекинот поради Заедницата на српски општини на Косово.

Премиерот на Косово Авдулах Хоти изјави дека прашањето на ЗСО е затворена тема.

Оваа форма на дијалогот не му се допаша ни на поранешниот премиер на Косово Иса Мустафа.

„Со однесувањето на Србија на една страна и ЕУ на друга страна, дијалогот ја губи смислата. Како минува времето дијалогот сѐ повеќе станува инструмент со кој Србија купува време за да се заборават нејзините злосторства“, напиша Мустафа на Фејсбук.

Related posts

Седуммина повредени во пожарот во рафинеријата за нафта во Јужноафриканската Република

admin

Османи: Заедничкото претседавање со Бугарија е историски момент со огромна симболика

admin

Уницеф: На околу 2,3 милиони деца во етиопскиот регион Тиграј им е потребна итна помош

admin