23.8 C
Skopje, NM
27/07/2021
DailyNews.mk
Избор од уредникот Политика

Средба на Димитров со советникот на Меркел: Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство ќе биде огромен поттик да ја изодиме клучната етапа од патот кон членство во ЕУ

Во рамките на агендата од првиот ден во Берлин, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров имаше средба со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел на која беа реафирмирани напорите на Германија за заокружување на Преговарачката рамка.


Димитров„Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство ќе биде влог во кредибилитетот на Унијата во регионот и огромен поттик за Северна Македонија да ја изоди клучната етапа од патот кон членство во ЕУ”.​

Во тој контекст беше посочена и важноста на Берлинскиот процес инициран од Германија за кој што соговорниците се согласија дека значително придонесува за унапредување на регионалната соработка, преку проектите за меѓусебно поврзување и инфраструктура,  дигиталната агенда (роаминг) и промовирање на соработката меѓу младите. 

Вицепремиерот Димитров се сретна и со Хелге Токсдорф, копретседавач на Мешовитиот економско-управувачки комитет меѓу Северна Македонија и Германија со кого разговараа за можностите за зголемување на соработката, со оглед на значајните германски инвестиции на македонскиот пазар. Во однос на европската перспектива и тековните случувања за финализирање на рамката, Димитров размени мислења со Валеска Еш, заменик извршен директор и програмски директор за Европа на Аспен Институтот.

Related posts

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба и прва фаза од законот за попис

Admin

Брисел: Последните нацрт заклучоци за проширување содржат „погрешно толкување на историјата”

Admin

Бугарија го блокира потпишувањето на договор со Фронтекс поради македонскиот јазик

Admin

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Admin

Лавров: Русија има добри односи со Хрватска

Admin

Транспаренси Интернешнл објави извештај за заробеноста на државите од Западен Балкан и Турција

Admin

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More