30 C
Los Angeles
August 8, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Ситуацијата со вирусот е критична, можно е воведување рестрикции во движењето

Во понеделник ќе се знае дали Комисијата за заразни болести ќе предложи нови ковид мерки.

Во подем е бројот на заразени инпочинати лица од Ковид 19.Вчера беа регистрирани нови 1.295 случаи, а починале 26 лица.

Нема нова препорака за дополнителни рестриктивни мерки за спречување на ширењето на ковид-19, велат од Министерството за здравство.

Ова било одлучено на состанокот на министерот за здравство Венко Филипче со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски и д-р Сузана Маневска, кои телефонски се консултирале со останатите членови на Комисијата.

„Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето, дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд“,се вели во соопштението.

Како што денеска посочи министерот за здравство, мерките што се во сила, доколку доследно се почитуваат, би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.

Пет болнички возила од арм се ставени на располагање на здравствените работници во борбата против пандемијата на коронавирусот. Претходно и поранешни професионални војници од АРМ се вклучија во борбата со ковид 19

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815.

Related posts

Елтон Џон со апел за масовно тестирање за ХИВ во Англија

admin

Хрватска воведува најстроги мерки

admin

УЕФА најавува револуционерни промени во Лигата на шампионите

admin