20.9 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Рекорден број заразени со Ковид-19 во Европа за една недела

Повеќе од 3,3 милиони луѓе се заразени со новиот коронавирус во изминатите седум дена, што е највисок пораст на случаи во една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација.

Во периодот од 26 октомври до 1 ноември, најмногу од сите случаи биле регистрирани во Европа – околу 1,7 милиони, што е за 22 проценти повеќе од една недела претходно. Во исто време, бројот на смртни случаи е поголем за 46 проценти.

Вкупно 11 милиони заразени и 285.000 смртни случаи се потврдени во Европа.

Ситуацијата останува тешка во Северна и Јужна Америка, каде во последната недела се пријавени 999.000 нови инфекции и 17.000 смртни случаи. Повеќе од 20 милиони случаи на инфекција и скоро 639.000 смртни случаи се пријавени во таа област.

Во последните седум дена во Југоисточна Азија се заразени околу 381.000 луѓе, а од почетокот девет милиони. Повеќе од 144 000 луѓе починаа од вирусот.

Related posts

Борисов на средба со Бучковски: Решенија можат да се најдат на преговарачка маса

admin

Рот: Покрај бугарското вето ќе ја ставиме точката за проширување на дневен ред

admin

Истражување: 20,7 проценти од населението во Србија развило имунитет на коронавирус

admin