28.5 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Регионална кампања „Благосостојба за Западен Балкан”

Регионалната кампања на локалните невладини организации со наслов „Благосостојба за Западен Балкан” започна во ноември 2020 и ќе трае до април 2021 год, а нејзината цел е придонесување за развој и промоција на социјалната кохезија, солидарност и благосостојба на локалните заедници во регионот на Западен Балкан.

Камапањата е дел од повеќегодишниот проект „Прво заедниците: создавање на центар на граѓански организации за превенција и спротивставување на насилниот екстремизам – од превенција до реинтеграција”.

Проектот е имплементиран од НВО Форум МНЕ (Црна Гора) во партнерство со Центар за правни граѓански иницијативи (Албанија), организацијата Надеж и домови за децата (Босна и Херцеговина), Партнери на Косово – Центар за управување со конфликти (Косово), Центар за заедничка основа (Северна Македонија) и Културен Центар ДамаД (Србија). Проектот е спроведуван со финансиска поддршка од Европската Унија и Министерството за јавна администрација на Црна Гора.

Кампањата ќе трае до 2021 и една од нејзините најважни цели е да придонесе за спречување на насилниот ектремизам во регионот на Западен Балкан.

Кампањата ќе се спроведува преку социјалните мрежи, но истотака и преку традиционалните медиуми.

Related posts

Владата не се откажува од ветингот, има постапки против 83 судии

admin

Корона и во Баерн – заразен е Николас Зуле

admin

Aзербејџан го превзеде Нагорно-Карабах

admin