29.7 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Рама со подршка за Тачи: Абсурдниот процес ќе ја запечати чистотата на ОВК

По веста за обинението од Хаг и оставката од претседателската функција на Хашим Тачи, целосна подршка изрази албанскиот премиер Еди Рама и како што наведува цела Албанија.

Рама на објава на Твитер наведува дека овој процес на истрага против него ќе послужи за разјаснување на чистотата на Ослободителната војска на Косово.

-Хашим Тачи ја има целата поддршка и солидарност на Албанија во оваа последователна битка за Косово и за неприкосновената правда на ослободителната војна! Апсурдниот процес против него конечно ќе ја запечати чистотата на ОВК и неможноста да се прерагледува нејзината историја, напиша Рама на Твитер.

Хашим Тачи си поднесе оставка од функцијата претседател на Косово откако Специјалното обвинителство во Хаг го потврди обвинението против него.Обвинение е покренато и за лидерот на Демократската партија, екс собрански спикер и поранешен прв човек на косовската агенција за разузнавање,Кадри Весели, како и за Реџеп Селими координатор на пратеничката група на Движењето „Самоопределување”.

Related posts

India state approves law that bans religious conversion by marriage

admin

FAO, Italy and Partners Together in the Food Coalition

admin

Ердоган: Санкциите на САД се одраз на непочитување на сојузникот

admin