27.1 C
Los Angeles
August 18, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Радев: Нема да дозволиме нерешени билатерални прашања да го нарушат единството на ЕУ

Бугарија е одговорна членка на ЕУ и нема да дозволи нерешени билатерални прашања да го нарушат единството на Унијата, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер.

Како соопшти Прес-службата на Радев, двајцата шефови на држави го реафирмирале заедничкиот став дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Република Северна Македонија, е од клучно значење за зајакнување на стабилноста и развојот на целиот регион.

– За таа цел, потребен е траен и одржлив напредок на Република Северна Македонија во градењето на добрососедски односи со Бугарија – порачал Радев во разговорот.

Според Радев, Бугарија очекува да добие јасни правно обврзувачки гаранции под влијание на надворешни фактори дека никогаш нема да бидат доведени во прашање единството на бугарската нација и нејзиното културно и историско наследство, како клучни елементи на националниот идентитет.

За таа цел Радев инсистирал Националната рамковна позиција, што бугарското Националното собрание ја усвои едногласно пред една година, да биде вклучена во Главата 35 од преговарачката рамката за Република Северна Македонија, со јасно дефинирани критериуми и рокови што треба да се почитуват во текот на целиот процес на преговори за членство.

– Доколку такво решение не е можно, нашата земја ќе работи на билатерален договор со Република Северна Македонија, во кој сите билатерални прашања ќе бидат решени во духот на пријателството и добрососедството – нагласил Радев.

Германија, која е актуелен претседавач со ЕУ, во повеќе наврати истакна дека нејзина цел е одржување на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија до крајот на годината, што ќе значи официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Унијата. По изнесените резерви на Софија во однос на усвојувањето на преговарачката рамка со земјава, Германија ги засили дипломатските напори за спречување на евентуално вето од бугарска страна на стартот на преговорите со Северна Македонија. За таа цел, во понеделникот во Берлин се одржа средба на германските министри за надворешни работи и за Европа, Хајко Мас и Михаел Рот со македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева, додека германската канцеларка Ангела Меркел имаше телефонски разговори со премирот Зоран Заев и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. Штајнамајер, пак, покрај со Радев, телефонски разговараше и со претседателот Стево Пендаровски.

Related posts

Заев: Историјата и ЕУ перспективата треба да ги зближува, а не да ги дели С. Македонија и Бугарија

admin

Дејвис играч на годината во Канада

admin

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

admin