30.9 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Привршува изборната кампања во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера и денеска е во таканаречен предизборен блиц со 10 митинзи. Демократскиот предизвикувач Џо Бајден, вчера се фокусираше врз Пенсилванија, клучна држава во неговата трка до Белата куќа. Бидејќи повеќе од 90 милиони Американци веќе гласаа пред изборите на 3 ноември, двајцата кандидати се обидуваат да ги поколебаат малкуте неопределени гласачи. Големиот број на таканаречени рани гласачи – околу 65 проценти од вкупниот одѕив во 2016 година – покажува колку е интензивен интересот за овие избори во длабоко поделената нација.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека Бајден е пред Трамп на национално ниво со најмалку 8 процентни поени, но има потесна предност во неколку клучни држави што потенцијално му дава на Трамп пат до 270-те гласови потребни за да го добие Изборниот колеџ кој го одредува победникот. Бајден имаше два настапа во Пенсилванија, држава што Трамп тесно ја освои во 2016 година, но анкетите покажуваат дека Бајден сега води. Во меѓувреме, Трамп има забрзано темпо со митинзи во Мичиген, Ајова, Северна Каролина, Џорџија и Флорида.

Related posts

Владата бара продолжување на кризната состојба

admin

ЕП го разгледува унгарското мешање во медиумите во С. Македонија и Словенија

admin

Бајден повика на внимателност за време на празниците

admin