29.7 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Претседателски избори во Америка, Трамп или Бајден

Американските граѓани избираат меѓу актуелниот претседател Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден.

Избори во Америка .Американските граѓани денеска избираат помеѓу сегашниот претседател , републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден.

Кандидатот на демократите Бајден има благо водство во анкетите и обложувалниците.

Користејќи го олеснувањето на регулативата заради пандемијата на коронавирусот, повеќе од 94 милиони Американци веќе гласаа однапред. Тоа е значително повеќе од кога било досега, поради што е можно, заради тешкотиите со пребројувањето, победникот да не биде познат во ноќта по изборите. На изборната вечер, како и обично, фокусот ќе биде врз десетина од 50-те сојузни држави во САД, во кои резултатот е неизвесен.

Изборниот систем во САД е единствен, бидејќи не мора да победи кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на целата земја, туку кој ќе „собере“ најмалку 270 од 538 т.н. Електори. Гласачите не гласаат директно за Трамп или Бајден ( туку избираат електори, демократи или републиканци, кои формално избираат претседател во изборниот колеџ во декември.

Related posts

Пандемијата извор на заработка за италијанската мафија

admin

Japan Seeks Carbon Neutrality by 2050

admin

СИПРИ: Американските компании со 60 отсто доминираат со глобалната продажба на оружје

admin