20.7 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Потврдени и обвиненијата против Реџеп Селими и Кадри Весели

Специјалниот суд во Хаг го потврдил обвинението против шефот на парламентарната група на движењето Самоопределување и поранешен припадник на ОВК, Реџеп Селими. Овие тврдења ги изнел самиот Селими, со назнака дека тој утре ќе отпатува за Хаг.

„Се чувствувам должен да ве известам дека утре ќе патувам за Хаг (Холандија) со цел да се соочам со овој предизвик поставен пред Ослободителната војска на Косово“, рече Селими во објавата на Фејсбук.

Тој вели дека „кренатите глави“ одат во Хаг, но дека тие ќе се вратат со „кренати глави- затоа што јас бев, сум и ќе бидам војник на Ослободителната војска на Косово, за која сум подготвен да дадам се од себе“, додал Селими, пишува „Косев“.

Специјалното обвинитество во Хаг го потврди обвинението и против поранешниот припадник на ОВК и доскорешен претседател на косовското собрание Кадри Весели.

Ова го соопшти Демократската партија на Косово (ДПК), на чие чело се наоѓа Весели.

По косовскиот претседател Хашим Тачи чиј близок соработник беше Весели, само остана прашање на ден кога ова ќе се случи.

Специјалното обвинителство во Хаг за злосторства извршени на Косово поднесе во јуни обвинение против Хашим Тачи и Кадри Весели за злосторства против човештвото и воени злосторства, објавено е тогаш во соопштението на сајтот на трибуналот.

Како што беше наведно тогаш, решението е донесено на 24 април годинава, кога Специјалното обвинителство до судскиот совет поднесе на предлог обвинение во 10 точки со кое Хашим Тачи, актуелниот претседател на Косово и Кадри Весели, претседател на приштинскиот Парламент, како и други лица, се товарат за злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи убиство, присилно киднапирање на луѓе, прогон и мачење.

Related posts

Маричиќ: Ќе продолжиме со подобрување на условите во штипскиот затвор

admin

Хелсиншки комитет: Текстилните работнички и во кризниот период останаа една од најпогодените групи

admin

СЗО: Повеќе од 4,3 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирус за една недела

admin