30.9 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

„Политико“: Бугарските силеџиски тактики функционираат во софиското подземје, но не и во ЕУ

Дипломатите во ЕУ се фрустрирани од однесувањето на Бугарија која кочи важна агенда со целосно домашен проблем којшто би било најдобро да се реши билатерално со Северна Македонија, пишува бриселски „Политико“.

„Бугарските силеџиски тактики може да функцинираат во решавањето на проблемите во подземјето на Софија, но се чини дека се крајно несоодветни на ниво на ЕУ“, изјавил дипломат на ЕУ за бриселски „Плејбук“.

Според „Политико“, ако Бугарија, изолирана каква што е, продолжи со својот бескомпромисен став, ќе ја изгуби секоја преостаната добра волја што можеби ја уживаше меѓу земјите-членки“.

Притоа се потсетува дека бугарското Министерство за надворешни работи инсистира на ставот дека сегашното решение „не ги задоволува законските гаранции што ги бара Бугарија“.

„Политико“ исто така потсетува дека Бугарија ја информирала Европската комисија дека „не може да ја прифати предложената преговарачка рамка за почеток на преговори со Северна Македонија“. Тоа, како што се вели ја загрозува целта на германското претседателство со ЕУ за почеток на преговорите оваа година.

„Бугарија и Северна Македонија имаат спор околу историјата и јазикот, при што Софија бара Скопје да признае дека државата и нејзиниот јазик имаат бугарски корени, и ги отфрла тврдењата дека постои македонско малцинство во Бугарија“, пишува порталот.

Related posts

Калфин: Противниците на проширувањето ја користат Бугарија

admin

Неговата плата е товар за клубот – Јувентус ќе се разделат со Роналдо

admin

Германија ќе избира наследник на Меркел на 26 септември 2021 година

admin