30.6 C
Los Angeles
August 18, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Отворени само основните училишта и градинките во Грција

Средношколците и студентите во Грција, од денеска ќе следат онлајн настава и предавања, а отворени се само основните училишта и градинките, откако во саботата во земјата беше воведен целосен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Онлајн наставата за средните училишта е задолжителна за сите, додека пак според грчките медиуми, во одредени училишта во земјата, учениците имале проблеми со конекцијата на конкретната платформа.

Со оглед на тоа дека во Грција, за време на карантинот, постои ограничување на движењето на граѓаните, за учениците од основните училишта кои следат редовна настава, како и за наставниците и родителите постои специјална потврда за движење.

Родителите и старателите за да ги однесат или да ги земат децата од училиште потребно е да испратат смс порака.

Related posts

БАН ја поддржа позицијата на Владата во Софија кон евроинтеграцијата на Македонија

admin

Фронт 21/42 незадоволни од расправата за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

admin

A Hitch in the Belt and Road in Myanmar

admin