29.7 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Од следната недела огласи за мерките од четвртиот пакет

Додека граѓаните и фирмите ја чекаат помошта од четвртиот пакет економски мерки, пратениците се уште немаат дадено „зелено светло“ за законите со кои пакетот ќе може да стапи на сила.

Сепак, тоа не ги спречува надлежните да ги скројат условите и огласите преку кои фирмите ќе може да аплицираат. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека за мерките кои се под негова надлежност, условите за аплицирање ќе се објават следната недела.

„Што се однесува до огласите и мерките кои се спроведуваат од страна на министерството за економија веќе се готови. Сум известен од страна на претседателот на Владата дека во петок ќе имаме уште една Владина седница каде што ќе ги усвоиме програмите и од понеделник или вторник ќе бидат објавени сите мерки кои се реализираат од страна на министерството за економија, и во делот на враќањето на туристичката такса и грантовите за туристичките агенции, за туристичките водичи, за игротеките, а во текот на оваа недела, до крајот на оваа недела или утре или задутре ќе се објави повикот за поддршка за набавка на опрема и репроматеријали за сите занаетчии.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Откако доцна синоќа се изгласа ребалансот на буџетот, со кој се обезбедија парични средства за мерките од 4тиот пакет, денеска пратениците требаше да расправаат за законските решенија со кои мерките ќе може да стапат на сила. Но, законите се уште не се поминати во матичните комисии, па точките на планарната седница беа прескокнати за расправа.

Народните избраници треба да дадат зелено светло за законот за поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември, за лицата кои вршат самостојна дејност, како и за повратот на парите од викендот без ДДВ.

Related posts

Црн бројки во Грција: 111 смртни случаи од Ковид-19

admin

Мета: Итно зголемување на тестирањата а владата да ги надомести трошоците за лекување на ранливите категории граѓани

admin

Грчкото издание „Грик Сити Тајм“: Барањата на Бугарија не се нови и таа веројатно ќе се одлучи на вето

admin