28.5 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Од денеска полициски час во цела Грција и нови рестриктивни мерки во 27 региони

Угостителските објекти, кафулињата, фитнес центрите, музеите, театрите од денеска ќе бидат затворени во 27 региони во Грција што се во т.н. црвена зона, а во целата земја стапува во сила и забраната за движење, односно полициски час од полноќ до 5 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина.

Γрција, односно 74-те региони се поделени во две зони: Зона А- жолта и зона Б –црвена.

Во првата, што е „под надзор“ се 47 региони, а останатите 27 се во црвената, односно „со зголемена опасност“, меѓу кои речиси цела северна Грција и Атина.

Мерките што ќе важат за целата земја се: задолжителна маска и внатре и надвор; полициски час од полноќ до 5 часот наутро; задолжително најмалку 50 отсто работење од дома во државниот и приватниот сектор; задолжителни онлајн предавања за студентите и забрана за собири.

Во цела Грција, остануваат отворени, продавниците за малопродажба и за храна, пазарите, фризерските салони, хотелите и училиштата и не е забрането движење меѓу регионите.

Во регионите што се во црвената фаза, затворени се угостителските објекти, кафулињата, баровите, со исклучок на „delivery“ и „take away“, музеите, театрите, кината, забранети се секаков вид собири, забрането е одржување конференции, дозволено е само индивидуално спортување и натпревари само во првите лиги во фудбал и кошарка, како и учеството на екипите во европските натпреварувања.

Превозните средства во сите делови на земјата ќе функционираат со 65 отсто од капацитетот, а во црвената зона, дозволени се до три лица во патнички автомобил (со исклучок на семејствата), додека пак за такси возилата е дозволен само еден патник.

Црквите и религиските објекти во црвената зона ќе останат отворени, со максимално дозволен број до девет лица на литургија или обреди и свечености.

Новите мерки, што ќе бидат во сила еден месец, во саботата ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телевизиска порака до граѓаните, истакнувајќи дека не станува збор за „целосно замрзнување на секојдневието“.

Паралелно повтори дека „целосен lockdown е последниот чекор, што ќе ги погоди економијата и општеството“.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 40.929 случаи на Ковид-19, а починаа 635 лица.

Related posts

Бугарија се жали дека Германија не ги ставила на дневен ред во ЕУ нивните барања за С.Македонија

admin

Хашкото обвинителството спроведува операција во Приштина

admin

Canadians call on government to reject Sri Lankan war crimes accused ambassador

admin