29.4 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Од денеска полициски час во Албанија, за непочитувачите казна од 80 евра

Албанија од денеска воведува полициски час како дел од напорите да се спречи ширењето на коронавирусот, по наглото зголемување на случаите во изминатите неколку недели.

-На сите граѓани ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 22.00 до 06.00 часот. Ограниченото движење почнува од денеска и ќе трае три недели, што, сепак, зависи од епидемолошката состојба со Ковид-19. Од оваа одлука се изземаат само службите за итни потреби, односно секторите електродстрбуција, водовод, телекомункации, противпожарните единици и медиумите, информираше Огерта Манастирлиу.

Од вечерва од 22:00 до 06:00 часот се затвораат и угостителските објекти (освен услуга за достава) додека јавната администрација, според спецификите на секторот, ќе работи главно онлајн или со ротација, со строго почитување на протоколите.

Најавувајќи ја одлуката за полицски час, претседателката на Комитетот на експерти за справувале со пандемјата и заменик министерка за здратсво и социјална заштита Мира Ракацоли рече дека на овој чекор се одлучиле по деталната анализа на состојбата со пандемијата и реализираните активности до сега, како и искуството од други држави.

За непочитување на полицискиот час се предвидува парична казна во износ од 80 евра.

На 15 минатиот месец владата донесе одлука за задолжително носење заштитна маска и на отворен простор за што паричната казна изнесува 25 евра а за секое повторено непочитување на мерката казната е 40 евра.

Инаку, вчера беше регистриран нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19. Од направените 2.723 тестови, позитивни на вирусот се 563 или 21 отсто од тестираните, а починаа осум пациенти или досега вкупно 579.

Related posts

Помпео: Во Венецуела се случува измама и илузија, а не избори

admin

Numerologët zbulojnë: Këto janë ditët më të lumtura të dasmave në vitin 2022, ndërsa një ditë është veçanërisht e rëndësishme

admin

Турција продолжува со потрагата по енергетски ресурси во подрачјето на Црното Море

admin