30 C
Los Angeles
August 8, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Обвинението е потврдено: И Селими денес патува за Хаг

Специјалниот суд во Хаг го потврдил обвинението против шефот на парламентарната група на движењето Самоопределување и поранешен припадник на ОВК, Реџеп Селими. Овие тврдења ги изнел самиот Селими, со назнака дека тој утре ќе отпатува за Хаг.

„Се чувствувам должен да ве известам дека утре ќе патувам за Хаг (Холандија) со цел да се соочам со овој предизвик поставен пред Ослободителната војска на Косово“, рече Селими во објавата на Фејсбук.

Тој вели дека „кренатите глави“ одат во Хаг, но дека тие ќе се вратат со „кренати глави- затоа што јас бев, сум и ќе бидам војник на Ослободителната војска на Косово, за која сум подготвен да дадам се од себе“, додал Селими, пишува „Косев“.

На 10 ноември 2019 година, Реџеп Селими потврди дека му била доставена покана од Специјалниот суд за следната недела, како и дека бил повикан како осомничен.

Денес Специјалното обвинителство на Косово, со поддршка на ЕУЛЕКС и косовската полиција, спроведе акција во куќата на поранешниот претседател на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи, некогаш една од клучните фигури на ОВК.

Иако сè уште нема официјални потврди од Хаг, блиски лица до Красниќи, како и неговиот адвокат, за приштинските медиуми потврдиле дека Красниќи е уапсен и дека тој заминал во Хаг, што укажува дека обвинението против него е веќе потврдено.

Во меѓувреме, секретарот на здружението на воени ветерани на ОВК, Фатон Клијинаку, за Канал 10 изјавил дека има информации дека силите на Специјалниот суд извршиле претрес во куќата на Реџеп Селими, како и на Азем Суља. Сепак, оваа информација беше демантирана од Бота Сот, повикувајќи се на свои извори блиски до Самоопределување.

Во вечерашниот пост на Фејсбук, Селими не споменал дека бил извршен претрес во неговата куќа.

Related posts

Распустот нема да почне порано, вирусот не се шири во училиштата, вели Царовска

admin

Horoskopi/ Koha për sfida të reja, yjet kanë një porosi për ju sot

admin

Турција забрани пушење на отворено

admin