29.4 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Нови ограничувања од денеска поради епидемијата на Ковид-19 во Косово

Косовските здравствени власти одлучија да ги заострат мерките за заштите од ширењето на епидемијата на Ковид-19, откако минатите денови беа забележани рекордни бројки на новозаразни од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерот за здравство, Арменд Земај информира дека од понеделник, 2 ноември, на трговските центри и на угостителските објекти им се забранува работата од 21 до 5 часот, освен услугата „тејк авеј“ за угостителите.

На јавните и приватните институции им се наложува да го редуцираат персоналот, со тоа што оваа мерка не се однесува на безбедносните и здравствени институции.

Меѓу останатите мерки е и обврската на државните и приватните универзитети наставата да ја спроведуваат исклучиво онлајн.

Земај информира дека овие мерки ќе се анализираат во наредните две недели, по што истите може да бидат преиспитани и ревидирани.

Вкупно досега, според официјалните статистики на косовските здравствени власти, вирусот е откриен кај 20.179 лица тестирани со методот РТ-ПЦР.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, досега починале 688 заболени, додека заразата ја совладале 15.611 лица кај кои претходно бил откриен вирусот.

Активни заболени од Ковид-19 во Косово моментно, според официјалните податоци, се 3.880 лица.

Related posts

Si do të jetë dasma juaj sipas shenjës së horoskopit

admin

Во Албанија починати 17 лица од Ковид-19 и 705 новозаразени за 24 часа

admin

Државата ќе менаџира и со приватните болници, но не се прецизира како ќе плаќаат граѓаните таму

admin