27.1 C
Los Angeles
August 18, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Новата министерка за надворешни работи на Нов Зеланд е Маорка со тетоважа на лицето

Новозеландската премиерка Џесинда Ардерн го претстави својот нов кабинет, за кој вели дека промовира различности и го вклучува првиот вицепремиер кој отворено се декларира како хомосексуалец.

Жените и маорската заедница исто така се силно застапени во 20-члениот кабинет, па новата министерка за надворешни работи ќе биде Нанаја Махута, која има традиционална маорска тетоважа на лицето.

Ардерн, чија партија убедливо победи на неодамнешните парламентарни избори, кажа дека новата, изменета влада ќе се фокусира на одговорот на пандемијата на ковид-19 и на економската обнова.

„Ова е кабинет кој има големи вредности и талент, но исто така е неверојатно разновиден. Овој тим го одразува Нов Зеланд од кој беше избран“, кажа Ардерн.

Таа за вицепремиер го назначи Грант Робертсон, но појасни дека тоа се должи на неговите лидерски способности, а не на сексуалната определба.

Related posts

Австрија го продолжи полицискиот час за 10 дена

admin

Грција од сабота во целосен карантин до 30 ноември

admin

Реџепи: Пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива се против каква било форма на онлајн работа на Собранието

admin