29.7 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Нема место за Златан во шведската репрезентација

На шпекулациите околу наводната желба за камбек во шведската репрезентација на Златан Ибрахимовиќ бргу им беше ставен крај, откако селекторот Јане Андерсон јасно кажа дека „таа работа е затворена“.

39-годишниот Ибрахимовиќ е во фантастична форма по враќањето во Милан во јануари, а неодамна со пост со шведскиот дрес ги зголеми шпекулациите дека сака да се врати во националниот тим првпат по повлекувањето во 2016 година.

Ибрахимовиќ останува најдобар стрелец во историјата на Шведска со 62 гола во 116 настапи, но честопати влегуваше во конфликт со федерацијата и селекторите, и сега Андерсон, кој одби да го повика и на СП во Русија во 2018, вели дека нема за што да се разговара.

„Има некои луѓе кои ми кажаа дека има некаков план позади таа фотографија која ја објави. Но, јас не сфаќам што значи и нема да трошам енергија на тоа. Поминаа четири и пол години откако тој кажа дека завршил со националниот тим. Го почитувам, но одлуката тој ја направи самиот. Кога си дел од националниот тим мораш да се враќаш дома во најдобра форма. Таа работа е завршена“, вели Андерсон за „Афтонбладет“.

Related posts

Илон Маск збунет: Бил и позитивен и негативен на корона со брзите тестови

admin

Маричиќ: Ќе воспоставиме ред во затворите и ќе ги подобриме условите

admin

Деца во Австралија развиле антитела на Ковид-19 без да бидат позитивни на вирусот

admin