33.3 C
Los Angeles
August 8, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

На изборите во Молдавија води проевропската кандидатка претседател

Претседателката на проевропската опозициска партија Акција и солидарност, Маја Санду, води по првиот круг од претседателските избори во Молдавија.

Таа освои 35,94 проценти од гласовите, а нејзиниот главен ривал, досегашниот претседател на Молдавија со проруска ориентација, Игор Додон, освои 32,75 проценти од гласовите.

Централната изборна комисија соопшти дека објавените резултати се засноваат на 99,63 проценти од пребројаните гласови, како и оти повеќе од 33,33 проценти од запишаните гласачи излегле на гласање, што е доволно за првиот круг од изборите да биде прогласен за валиден.

Новиот претседател на Молдавија ќе биде избран во вториот круг, кој е закажан за 15 ноември.

Related posts

Царовска: Образовниот модел што го избравме дава разултати, така да продолжиме и во наредниот период

admin

Мурињо: Ние сме пони во трка со коњи

admin

Дритан Абазовиќ позитивен на коронавирусот

admin