29.7 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Најмалку 50 лица уапсени на протестите во Њујорк по претседателските избори

Околу 50 лица се уапсени по синоќешните протести во Њујорк, кога демонстранти подметнаа пожар, плукаа врз полицајците и врз нив фрлаа различни предмети, соопшти њујоршката полиција.

Демонстрантите излегоа на улиците во поддршка на кампањата „Преброј го секој глас“, бидејќи официјални лица во клучните држави ширум САД продолжија да ги бројат гласовите на претседателските избори 2020 година, јави „Фокс њуз“.

Иако на главниот настан во Њујорк ситуацијата беше мирна, полицијата излезе со извештаи за палење и судири со нивните претставници, особено во Гринич Вилиџ.

Полицијата соопшти дека за време на протестот запленила неколку потенцијално опасни предмети, вклучувајќи и пиштол за зашеметување, ножеви и огномет.

Оттаму додаваат дека  се уапсени лица кои се обиделе да го преземат протестот и да го направат насилен, фрлајќи смет и јајца. Некои демонстранти биле видени како плукаат врз полицијата.

„Го поддржуваме правото на секој за самоизразување“, напиша полицијата на Њујорк на Твитер. „Но, палењето пожари ги загрозува другите и нема да се толерира“.

Протести се одржаа и низ целата земја, но на нив немаше знаци за некои помасовни немири што многумина загрижија пред изборите.

Related posts

Никол Кидман изгледа сосема поинаку со црна коса

admin

Државата ќе менаџира и со приватните болници, но не се прецизира како ќе плаќаат граѓаните таму

admin

Европската комисија почна со набавка на роботи за дезинфекција на болници

admin