30.6 C
Los Angeles
August 18, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Најмалку 102 жртви во земјотресот во Турција

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Егејскиот регион на Турција се искачи на 102, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД), јави агенцијата Анадолија.

АФАД соопшти дека вкупно 143 лица се на лекување, односно од 1.026 повредени лица, 883 луѓе се отпуштени од болница.

Активностите за пребарување и спасување во Измир се завршени во 12 од 17 згради, продолжуваат во уште пет згради.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени во петокот го погоди Измир, третиот по големина град во Турција, каде живеат околу 4,37 милиони луѓе.

Related posts

Она што го прави принцот Хари е чисто лицемерие: Ќе ја жртвува својата интима и смртта на принцезата Дијана за да заработи за леб!

admin

Афлек и Де Армас снимаат сцени од филмот што ги спои

admin

Влошено здравјето на затворениот продуцент Харви Вајнштајн

admin