29.7 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

МОН: Државната матура во јуни 2021 година, матурантите до крај на месецов да пријават теми

Министерството за образование и наука потсетува дека годинава државната матура ќе се одржи во предвидениот законски рок, односно јуни 2021 година.

МОН истовремено ги известува учениците од четврта година дека пријавувањето на матурските испити се одвива во соодветниот законски рок и ги повикуваат матурантите до крајот на месецот да ги пријават темите за проектната задача, а до крајот на декември да ги пријават и испитите од листата за полагање, којашто е проширена со уште нови два предмета.

„Оваа учебна година за првпат, матурантите имаат можност за реализација на матурска проектна задача во согласност со условите во кои се одвива наставата и глобалните трендови на културата и младите. Истовремено, во насока на ефективно и организирано полагање на испитите од државната матура, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини“, велат од МОН.

Полагањето на државната матура, како што додаваат, е обврска утврдена со Законот за средно образование и се спроведува според Правилникот за полагање испити од државната матура.

„Учебната 2020/2021 година се одвива успешно согласно планот и програмата, а МОН во континуирана комуникација со учениците и училиштата ќе обезбеди заеднички решенија за непречено, и безбедно полагање на матурските испити“, се додава во соопштението.

Полагањето завршни испити од државна матура е дел од образовните системи на сите европски земји и земјите од регионот како што се Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија. Во овие земји матурските испити се реализираат непречено и со почитување на сите здравстени и безбедносни протоколи, а пандемијата не беше пречка матурските испити да се организираат непречено и во континуитет.

Related posts

Во ковид-центрите на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари

admin

Заев: Бугарското вето е голема неправда и најголем пораз на ЕУ

admin

Цапак: Хрватска бележи стагнација на заразени и умрени од коронавирус

admin