Мобилни медицински тимови ќе нудат здравствен третман во домашни услови на заболените од Ковид 19 кои имаат полесна клиничка слика. Овој заклучок на кризниот штаб на општина Охрид следи по зголемениот број на заразени лица. Охридската болница е преоптоварена моментално се згрижени 94 пациенти од кои 30 се на кислородна подршка па поради тоа се прави реорганизација на останатите капацитети.
„Поради константното зголемување на бројот на новозарзени, зголемена е потребата од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти. Во тек е подготовка на план за искористување на расположливите капацитети, медицински персонал и медицинска опрема од останатите здравствени институции на подрачјето на општината. Се презeмаат сите потребни активности од страна на надлежните служби во Општина Охрид за спроведување на сите потребни активности за подготовка на теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница“ – стои во соопштението на Кризниот штаб.
Есенскиот бран енормно го зголеми бројот на ковид позитивни, болницата на располагање има уште 3 до 4 кревети, а подготвена за прием на пациенти е и специјалната болница за кардиологија.
Лекарите од охридската болница имаат помош и од специјализантите кои со одлука на Министерството за здравство се вратени во матичните установи и распределени во одделенијата каде се третираат ковид болните.
Инаку од почетокот на пандемијата во Охрид заклучно со вчерашниот ден регистрирани се 1033 случаи позитивни на Ковид 19, а активни се 441.