20.7 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Мерките за затворање во ноември дале резултати во Германија

Епидемиологот Уте Рекрот верува дека бројот на новозаболени во Германија би пораснал многу побргу доколку во почетокот на ноември не беа воведени нови мерки за затворање.

„Можеше да биде многу полошо. Ова е голем успех за кој треба да се заблагодариме на дисциплината на граѓаните“, рече Рекрот.

Шефот на Централниот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска изрази оптимизам во врска со забавувањето на зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирусот во Германија, но посочи дека е можно да дојде до пресврт на ситуацијата.

„Можеме да зборуваме за претпазлив оптимизам. Кривата на раст на нови инфекции опаѓа, но едноставно не знаеме дали тоа е стабилен тренд или не“, рече Лотар Вилер.

Тој смета дека бројот на новозаболени и смртни случаи ќе продолжи да расте.

„Исто така, мора да сметаме дека болниците полека ги исполнуваат капацитетите“, рече Вилер додавајќи дека ова не е поврзано со техничката инфраструктура, туку со недостиг на медицински персонал делумно затоа што голем број здравствени работници се заразени од коронавирусот.

Вилер ја поздрави веста за успешно тестирање на вакцината против коронавирусот, но предупреди дека ќе биде неопходно да се продолжи со придржувањето кон мерките против ширење на пандемијата во текот на целата зима.

Related posts

Конечна разврска во групите Ф и Х, Меси го чека Роналдо на „Ноу Камп“

admin

Захариева: Северна Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена

admin

Белгија протера петмина Данци заради планови за палење на Куранот

admin