20.9 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Мерил Стрип ќе ѝ врачи награда на Амал Клуни за нејзиниот придонес за слободата на печатот

Таа ја глумеше легендарната издавачка на „Вашингтон пост“, Кетрин Грахам, во филмот „Пошта“ на Стивен Спилберг од 2017 година.

А подоцна овој месец, Мерил Стрип ќе ги води меѓународните награди за слобода на печатот (International Press Freedom Awards) на интернет церемонија, објави магазинот „Пипл“ во средата.

Трикратната добитничка на Оскар, во коментар за настанот, рече: „Во време на несигурност без преседан, новинарите се надвор на терен, собираат факти и се обидуваат да ни помогнат да сфатиме што се случува.“

Во текот на церемонијата, холивудската икона треба да ѝ врачи награда на Амал Клуни, сопругата на Џорџ Клуни, за нејзиниот придонес за слободата на печатот.

Меѓународната организација за заштита на медиумите неодамна ги објави плановите да ѝ оддаде признание на адвокатката за човекови права Амал Клуни, која застапува новинари кои се соочуваат со кривично гонење како резултат на нивната работа.

Комисијата за заштита на новинарите (CPJ), со седиште во Њујорк, соопшти дека Клуни ќе биде наградена за нејзиниот придонес за слободата на печатот на настан на кој новинари од Бангладеш, Иран, Нигерија и Русија ќе добијат признанија за нивната работа и покрај тоа што се соочуваат со апсења или закани за одмазда.

На адвокатката родена во Либан, која се омажи за холивудскиот актер во 2014 година, ќе ѝ биде врачена наградата за слобода на печатот „Гвен Ифил“ за нејзината извонредна и постојана посветеност за слободата на печатот.

Новинарите во неволја немаат подобар заштитник од Амал Клуни, велат од  СРЈ, и додаваат дека таа неуморно работи на ослободување на неправедно затворени новинари.

Related posts

Претседателот Мета и сопругата казнети за непочитување на мерката за забрана за групирање

admin

Во САД извршени рекорден број егзекуции од 1800 година

admin

Scottish Government free to ‘slavishly follow’ EU laws, George Eustice says

admin