Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Северна Македонија во врска со наводите дека „еден од напаѓачите во синоќешниот терористички напад во Виена, во Австрија е државјанин на Република Северна Македонија”, соопшти дека австриската полција доставила барање за соработка во врска со овој случај, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Австриската полиција преку Европол достави барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува”, изјавија во телефонска изјава за Агенција Анадолија (АА) од Министерството за внарешни работи.
Во дел од медиумите во Северна Македонија објавија дека австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер соопштил дека е „убиен напаѓачот, кој влече корени од балканската држава Северна Македонија, и дека претходно е „осудуван според закон кој казнува членување во терористичките организации.”
Според досегашните информации, во нападот во синоќешната престрелка во Виена четири лица починале, вклучувајќи го и напаѓачот, и дека 15 лица се повредени.