20.7 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Маричиќ: Зголемен е процентот на жени сопственици и косопственици на имот

Денес, министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на онлајн Регионалната конференција за Европа, под покровителство на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Маричиќ беше поканет да се обрати и да го сподели позитивниот пример од Северна Македонија во поглед на зголемување на процентот на жени сопственици и косопственици на имот.

Министерот истакна дека со усвојувањето на „Агенда 2030“ и Целите за одржлив развој, Северна Македонија заедно со останатите земји од Западен Балкан се обидува да ја унапреди родовата еднаквост во сопственоста.

„За само шест години во Северна Македонија, процентот на жени сопственици и косопственици на имот е зголемен за 10 отсто“, сподели министерот, Маричиќ, кој дополни дека во 2013 година, овој процент бил речиси 17 отсто, додека пак во 2019 година, 27 отсто, што претставува и најголем прогрес на Балканот.

Маричиќ потенцираше дека ќе продолжат напорите за зголемување на родовата еднаквост, а истакна дека ваквиот прогрес на Северна Македонија можеби се должи на фактот што 60 отсто од нотарите во земјата се жени.

Поголема еднаквост во сопственоста на земјиштето ќе придонесе за зголемена економска ефикасност и ќе има повеќе позитивни ефекти за постигнување други Цели за одржлив развој, вклучително и за намалување на сиромаштијата.

Related posts

A Hitch in the Belt and Road in Myanmar

admin

Canadians call on government to reject Sri Lankan war crimes accused ambassador

admin

Силен земјотрес ја погоди Турција

admin