20.7 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Лавров: Ниту една турска мировна мисија нема да биде испратена во Нагорно-Карабах

Рускиот министер Сергеј Лавров во интервју за домашни и странски медиуми рече дека ниту една турска мировна мисија нема да биде испратена во Нагорно Карабах. Тоа е јасна одредба од договорот за целосен прекин на огнот во Нагорно-Карабах, што го потпишаа лидерите на Азербејџан, Ерменија и Русија, пренесува ТАСС.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар повтори дека турските сили ќе учествуваат во мировната мисија во Нагорно Карабах заедно со Русија.

На 9 ноември, рускиот и азербејџанскиот претседател и ерменскиот премиер потпишаа договор за целосен прекин на огнот во Нагорно-Карабах, почнувајќи од 10 ноември.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека азербејџанските и ерменските страни ќе ги задржат позициите што ги заземале и дека руските мировни сили ќе бидат распоредени во регионот.

Договорот предвидува и размена на затвореници и тела меѓу Баку и Ереван.

Руското Министерство за одбрана во средата објави дека е потпишан меморандум за формирање на заеднички руско-турски центар за набљудување на огнот во Нагорно-Карабах, кој ќе биде лоциран во Азербејџан.

Документот не предвидува присуство на турските сили во мировните мисии во Нагорно Карабах.

Related posts

Во светот над 68 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19

admin

Грчкото издание „Грик Сити Тајм“: Барањата на Бугарија не се нови и таа веројатно ќе се одлучи на вето

admin

САД воведуваат нови санкции за Сирија

admin