28.5 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Косовскиот претседател, Хашим Тачи поднесе оставка

Откако судот во Хаг го потврди обвинението за воени злосторства против претседателот на Косово, Хашим Тачи, тој утрово во обраќање до нацијата објави дека поднесува оставка.

„Ќе соработувам со правдата и од овој момент ќе бидам на располагање на правдата. Повеќе од кога било, ве молам и ве повикувам да не губите надеж, верба и трпеливост. Добивме слобода и независност, сега ја градиме државата. Обвинението е следната мала цена што треба да ја платиме за слободата на нашата земја. Горд сум што бев дел од ОВК, горд сум што заедно со нашите сојузници ја освоивме слободата. Нашата победа значеше и одговорност “, рече Тачи.

Претходно денес, обвинение беше потврдено и против претседателот на демократската партија на Косово, Кадри Весели, кој најави дека ќе им се предаде на истражителите.

Related posts

Ердоган го посети „градот на духови“ на Кипар, Атина смета дека е невидена провокација

admin

The top street style trends of spring 2018 fashion month

admin

Владата ќе воведе 30-дневна кризна состојба во целата држава

admin