28.5 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Кин: Не гледам квалитет во овој Манчестер Јунајтед

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, смета дека актуелниот состав на Оле Гунар Солскјер нема квалитет да се носи со конкурентите во Премиер лигата.

Оваа генерација на Манчестер Јунајтед е првата, уште од 2006 година, која запишала пораз од Арсенал на „Олд Трафорд“. Арсенал, синоќа, победи во Манчестер со голот на Обамејанг од пенал.

„Навистина сум загрижен за Јунајтед. Последните 12, па и 18 месеци, можевте да им „прогледате низ прсти“, поради се она што се случуваше во раководството, играчите се млади…Но она што го видов против Кристал Палас, Брајтон, Тотенхем, па дури и против Челси…тоа значи дека во овој Јунајтед нема квалитет“, рекол Кин.

Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната нема победа на домашен терен во Премиер лигата.

Related posts

СДСМ: Ветото од Бугарија е грешка која нема да не обесхрабри

admin

Противпожарни екипи реагираа по дојава за чад во куќата на Дензел Вашингтон

admin

Трамп: нема да го сменам ставот дека претседателските избори се наместени

admin