29.4 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Канje Вест гласа за себе по непостојаната кампања за Белата куќа

Раперот Канје Вест во вторникот гласаше за себе како следен претседател на САД по неговата кампања обележана со непостојани конфузни изјави и шпекулации дека може да присвои афроамерикански гласови од демократот Џо Бајден.

Пејачот и моден дизајнер напиша на Твитер: „Гласав првпат во мојот живот за претседател на САД и тоа е за некој на кој навистина му верувам … мене.“

Подоцна тој објави видео на кое гласа во Коди, Вајоминг, каде го запиша неговото име на гласачкото ливче.

Вест (43) се појави на гласачките ливчиња во неколку држави, иако не на боиштата како Флорида, Пенсилванија и Мичиген. Последните недели ги поучуваше симпатизерите како да гласаат за него како впишан кандидат на други гласачки места.

Related posts

Иран активираше голем воен брод како одговор на заканите на САД

admin

Рита Ора се извини дека со роденденската забава ги прекрши анти-корона мерките

admin

Турската вакцина подготвена: Започнува тестирање врз луѓе

admin