28.5 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Италија воведува полициски час

Италија воведува полициски час на цела територија од 21 часот до наутро, со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, потврди заменик министерката за труд Франческа Пуљези.

Одлуката е донесена на владина седница, а ќе важи на целата територија на земјата.

Претседателите на регионите инсистирале ваквата рестриктивна мерка, која може да предизвика социјално незадоволство, да биде преземена од централната Влада, а не од одделни региони.

Новата мерка, која премиерот Џузепе Конте денеска ќе ја образложи пред Парламентот, предвидува забрана за меѓурегионално движење, а сите оние кои мораат од која било причина да патуваат или да бидат на улица по полицискиот час, ќе треба да имаат лична потврда за оправданост да бидат надвор од својот дом.

– За жал ќе мораме да ја жртвуваме директната настава и за сите ученици во средните училишта лекциите ќе бидат онлајн. Се уште не е одлучено дали наставата од дома ќе важи и за учениците од пониските одделенија во основните училишта, истакна Пуљези.

Исто така, новата мерка предвидува и намалување на капацитетот на градскиот сообраќај за 50 отсто, трговските центри ќе бидат затворени за време на викенд, а се затвораат и музеите, баровите, салите за видео игри, изложбите

Related posts

Останува на сила поништената аболиција на Иванов

admin

Пендаровски ја ангажираше Армијата во справувањето со коронавирусот

admin

Есенскиот бран на ковид-19 и подрани и зема замав, власта повикува да се почитуваат мерките за заштита

admin