30.6 C
Los Angeles
August 18, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Захариева во самоизолација по средбата во Берлин

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева е во самоизлација и се чека резултатот од нејзиниот ПЦР-тест, соопшти бугарското МНР.

Таа се самоизолирала откако заменик министерот Петко Дојков кој бил дел од делагацијата на состанокот во Берлин во понеделникот со делегацијата од Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија бил позитивен на брз тест за КОВИД-19.

Захариева нема симптоми, и е во добра општа состојба и продолжува да ги извршува своите службени должности. Иако резултатот од брзото тестирање не е основа за карантин, потребно е таа да се изолира. Резултатите на заменик министерот Дојков се уште не потврдени со ПЦР тест, информраат од бугарското МНР.

Покрај Захариева и Дојков, во карантин се сите членови на бугарска делегација која беше во Берлин.

На средбата со Захариева во Берлин на покана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и на министерот за Европа Миахел Рот присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на димпломатијата Бујар Османи.

Од СЕП и од МНР засега нема информација дали и некој член од македонската делагација што беше во Берлин ќе треба да оди во самоизолација.

Related posts

Во Словенија повторно пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот

admin

Zgjidhni një simbol të lashtë dhe merrni këshilla për situatën tuaj aktuale

admin

Топали ја промовира својата нова партија Движење за промени

admin