28.5 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Заев и Борисов ќе претседаваат со Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес

Во Софија денеска ќе се одржи лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, на кој оваа година домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Македонската делегација на Самитот ја предводи претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од вицепремиерите Битиќи и Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти владината прес-служба.

Со Самитот, кој заради пандемијата со КОВИД-19 ќе се одржи преку видео конференциска врска ќе претседаваат премиерите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, а свои обраќања ќе имаат канцеларката на СР Германија Ангела Меркел, на чија иницијатива започна и се спроведува Берлинскиот процес, претставник на Европската Комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ.

На пленарната сесија на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес се очекува да учествуваат лидерите на земјите од Западен Балкан, како и заменик-претседателот на Европската комисија Жозеп Борел и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.

Се очекува на Самитот да бидат донесени Акцискиот четиригодишен план за Заеднички регионален пазар за кој шефовите на држави и влади ќе потпишат декларација, како и декларација за Зелена агенда за Западен Балкан.

Како логистика на овие стратешки документи, на Самитот во Софија ќе бидат донесени и повеќе меморандуми и протоколи како што се Меморандумот за заеднички регионални стандарди за меѓународните договори за инвестиции и Протоколот за отворен пристап кон истражувачките инфраструктури на земјите од Западен Балкан.

Лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во Софија ќе заврши со заеднички изјави за медиумите на копретседавачите премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, заедно со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел.

Од владината прес-служба информираат дека изјавите се предвидени да започнат околу 12:45 часот, но поради ограниченото време на лидерите не се предвидени новинарски прашања.

Самитот ќе може да се проследи на онлајн каналите на премиерот и на Владата на Република Северна Македонија.

Related posts

Принцот Вилијам подготвува болоњезе сос во добротворни цели

admin

Организирана дебата за спроведувањето на новиот закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер

admin

Орбан: ЕУ и Германија ни земаат шест, а ни враќаат четири милијарди евра

admin