28.5 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Завршија операциите за пребарување и спасување по земјотресот во Измир

Завршија операциите за пребарување и спасување по земјторесот со јачина од 6,6 степени што се случи во Измир, Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение објавено на социјалната мрежа Твитер ја потврди Мехмет Ѓулоглу, претседател на Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција.

„Тимовите за пребарување и спасување ја завршија својата работа“, напиша Ѓулоглу, упатувајќи благодарност до сите кои дале придонес и помагале во оваа насока

„Продолжуваме интензивно да работиме во други насоки“, додаде тој.

АФАД соопшти дека од 1.035 повредени лица 137 сè уште се на болничко лекување, додека 898 се отпуштени од болниците.

По земјотресот, кој со јачина од 6,6 степени го потресе Измир, третиот по големина град во Турција со над 4,3 милиони жители, регистрирани се вкупно 1.713 последователни потреси на тлото, од кои 45 со магнитуда поголема од 4 степени.

Related posts

Велика Британија утре почнува со масовна вакцинација против коронавирус

admin

Расте бројот на жртви во земјотресот во Турција и Грција – 81

admin

Shenjat me fat për sot

admin