20.9 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Данска ќе убие 17 милиони куни поради страв од коронавирусот

Данските власти соопштија дека планираат да ја уништат целата популација на визони (животни од семејството куни, ласици) откако кај нив беше откриена мутација на коронавирусот која се пренесува врз луѓето.

Здравствените власти во Данска пронајдоа траги од вирусот кај луѓето и кај куните кои покажуваат намалена чувствителност на антитела, поради што се намалува ефикасноста на идната вакцина, соопшти данската премиерка Мете Фредериксен.
„Имаме голема одговорност кон нашето население, но со мутацијата која беше откриена, имаме уште поголема одговорност и кон остатокот од светот, исто така“, изјави Фредериксен на прес-конференција.

Откритието, кое било споделено со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за превенција и контрола на болести, било базирано врз лабораториски тестови во државниот Институт. 

Шефот на итните програми на СЗО, Мајк Рајан минатата недела повика на целосно научно истражување на комплексните состојби во кои луѓето ги заразуваат куните, а потоа тие ги резаразуваат луѓето со мутирана варијанта.

„Бевме информирани од Данска за бројни луѓе кои биле заразени од вирусот од визон, со некои генетски промени во вирусот“, соопшти СЗО.

Властите во Данска открија дека се откриени пет случаи на новиот подвид на вирусот на фарми за визони и 12 случаи кај луѓе. Се проценува дека во земјата има меѓу 15 и 17 милиони визони.
Појавата на коронавирусот на фармите за визони постојано се повторува иако властите од јуни годинава се обидуваат да ги убијат заразените животни.
Полицијата, армијата и резервните единици на Данска ќе бидат ангажирани во операцијата, рече Фредериксен.

Данскиот професор по ветеринарна медицина, Кристијан Зоне вели дека одлуката да се убијат животните е добра и ги повика својата земја, Кина и Полска целосно да го забранат одгледувањето на визоните.

Фармите за визони се особено распространети на северот на Данска.
„Најлошото сценарио е следната голема пандемија да започне токму од Данска“, вели директорот на државниот Институт за заразни болести Каре Молбак.
Изминативе месеци и Холандија и Шпанија одлучија да убијат неколку милиони визони во нивните земји, поради страв дека тие го шират коронавирусот./DW/

Related posts

Kosovo mobile users reach nearly 2mln in Q3, up 5%

admin

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

admin

Старџен: Следната година нов референдум за независност на Шкотска

admin