20.7 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Германија прими 117 бегалци од Грција

Во Германија пристигнаа 117 бегалци од Грција како дел од договорот за примање бегалци кои веќе добиле бегалски статус од грчките власти.

„18 семејства и 42 малолетни бегалци без придружба пристигнаа на аеродромот во Хановер“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како дел од семејството, пристигнаа 43 деца, од кои 21 дете беше тешко болно.

Од април, Германија прифати вкупно 1.192 бегалци од Грција. Германската влада се согласи да прифати 1.553 бегалци по пожарот во бегалскиот камп Морија на грчкиот остров Лезбос. Станува збор за лица на кои грчките власти веќе им доделиле статус на бегалец.

Покрај тоа, Германија напролет се согласи да прифати дополнителни 400 малолетни бегалци, кои во моментов се сместени во Грција.

Related posts

Заев: Можеби уште денеска ќе биде усвоен Законот за попис, пребројување ќе има напролет

admin

Ангелов: Ситуацијата од безбедносен аспект е целосно под контрола

admin

Претседателот на Ерменија повика на одржување вонредни предвремени избори

admin