29.7 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Вучиќ за Косово: Може да ни се случи некаков конфликт

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека не треба на децата да им се остава замрзнат конфликт кога станува збор за прашањето на Косово.

„За мене е важно да кажа дека конфликтот во Нагорно Карабах покажа како замрзнат конфликт може да ескалира во вистинска катастрофа“, кажа Вучиќ наведувајќи дека мора да се извлечат поуки и лекции.

„Една од нив е дека не треба на нашите деца да им оставиме замрзнат конфликт. Компромис не значи дека ќе постигнеме, бидејќи за тоа се потребни две страни“, кажа српскиот претседател.

Наведе и дека светот, освен со соопштенија, не е спремен да реагира, а што и да се случи, на крајот мора да сметате на сопствените сили.

„Затоа Србија ќе продолжи да јакне економски и воено.

Може да ни се случи некаков конфликт, мораме да водиме сметка за иднината на нашите деца и иднината на Косово и Метохија“, истакна Вучиќ.

Related posts

„Не e време за умирање“ може да освои награда пред да се појави во коносалите

admin

Gasoline prices decrease

admin

Во Албанија 752 новозаразени, 545 оздравени и 15 починати од Ковид-19

admin