30.9 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Во Љубљана, неколку лица повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите

Четворица припадници на специјалната полиција беа повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата синоќа во Љубљана за време на демонстрациите против владините мерки, а четворица учесници во немирите се уапсени, изјави словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс. Тој додаде дека во непријавените протести учествувале 400 до 600 лица, кои тој ги нарече „анархисти“, додавајќи дека меѓу нив биле забележани екстремни членови на навивачки групи и елементи на „подземјето“, а полицијата била физички нападната со камења, па што била принудена да употреби воден топ и други средства за принуда.

Хојс исто така рече дека ваквите насилни протести и напади врз полицијата не и припаѓаат на Словенија и дека мнозинството од населението нема да ги поддржува, но се однесува одговорно за време на епидемијата и се придржува до сите ограничувачки мерки.Според извештаите на словенечките медиуми, немирите започнале откако полицијата се обидела да уапси некои демонстранти кои фрлале или навредувале припадници на полицијата, а подоцна биле нападнати и некои новинарски екипи што го известувале настанот, а неколку демонстранти биле ранети. /РСЕ/

Related posts

Моди: Во борбата против пандемијата, Индија стана светска аптека

admin

Бугарија планира да затвори речиси се од 27 ноември

admin

Борел бара да се отворат преговорите со Македонија и Албанија

admin