30 C
Los Angeles
August 8, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Владата на Косово за потврдените обвиненија за Тачи и Весели: „Никој не е крив до конечна пресуда“

По потврдените обвиненија против претседателот на Косово, Хашим Тачи, и лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, Владата на Косово излезе со реакција во која нагласува дека никој не може да се смета за виновен без конечна одлука на надлежните органи на правдата, пренесува Агенција Анадолија (AA).

„Косовската Влада внимателно ги следи најновите случувања во врска со Специјализираните совети, кои се дел од правосудниотт систем на Република Косово“, се истакнува во соопштението и се додава дека Владата „длабоко верува во праведната борба на Ослободителната војска на Косово за слобода на земјата, која останува еден од најсветлите периоди во историјата.

„Никој не може да суди за нашата борба за слобода. Ослободителната војска на Косово се бореше за ослободување на нашата земја, за заштита на куќниот праг, а не на туѓа земја, и како таква уживаше поддршка од меѓународната заедница, која кулминираше со бомбардирањето на НАТО“, се наведува.

Се истакнува дека „носителите на институциите, како и граѓаните на Косово, отсекогаш биле и понатаму ќе бидат пример за почит и соработка со локалната и меѓународната правда“.

Претседателот на Косово и поранешниот политички лидер на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, денес соопшти дека е информиран од надлежните дека Специјалниот суд го потврдил обвинението против него и дека поради тоа поднесува оставка, и дека е на располагање на правосудството и дека ќе соработува.

Претходно денес, претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, соопшти дека вчера од Канцеларијата на Специјализираните совети бил информиран дека судијата на претходна постапка го потврдил обвинението против него и дека денес патува во Хаг.

Во април оваа година беше подигнато непотрврдено обвинение против претседателот Тачи, Весели и други лица „за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи убиства, присилно исчезнување на лица, прогон и тортура“.

Related posts

Denmark has found 214 people infected with mink-related coronavirus – State Serum Institute

admin

Рупер Гринт се пријави на Инстаграм со симпатично селфи

admin

Idetë më trendi të thonjve për muajin nëntor

admin