24.3 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Владата во Италија не дава пари за спас на Серија А

Според пишувањата на италијанските медиуми, владата во Италија го одбила барањето на првиот човек на Серија А, Паоло Дал Пина кој побарал 600 милиони евра за да се покријат трошоците настанати во време на пандемијата на коронавирусот.

„Фудбалот е близу до целосен финансиски крах и во голема економска криза“ рече Дал Пина минатата недела во интервју за „Скај спорт“.

Клубовите во Серија А веќе неколкупати заеднички истапуваат со барања до фудбалскиот сојуз и властите. Затворањето на стадионите и големата пауза минатата сезона направија голема дупка во буџетите кои сега е тешко да се санираат.

Посебно тоа е проблем за малите клубови кои се на работ на банкрот, а новото затворање на трибините би можело да доведе дел од клубовите да не можат да го продолжат натпреварувањето.

Италијанската влада не смета дека фудбалот во земјава во моментов е приоритет. Освен што државата го одби барањето за финансиска помош, одбија и да не се плаќа данок за платите на играчите.

Related posts

Чарли Кокс се враќа како човек-пајак во „Спајдермен 3“

admin

Баерн постави неверојатен рекорд во ЛШ

admin

Израелски амбасадор во Тирана: Ќе го признаеме Косово за неколку недели

admin