30 C
Los Angeles
August 8, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

(Видео) Повеќе од 100 исчезнати во бурата „Ета“, евакуација на Флорида

Американската сојузна држава Флорида ги затвори плажите, местата за тестирање на коронавирусот, јавниот превоз и нареди евакуација на одреден број луѓе, бидејќи се засилува тропската бура „Ета“, носејќи силен дожд на веќе поплавените градски улици.

Флорида веќе ги брои мртвите поради бурата Ета, а во Мексико и Централна Америка, повеќе од 100 лица се водат за исчезнати, пренесува АП.

Дури и ако невремето не се претвори во ураган, бавната брзина со која се движи и обилниот дожд се огромна закана за Јужна Флорида, каде што минатиот месец паднаа повеќе од 35 сантиметри дожд, а се проценува дека наскоро може да паднат уште 30.

„Во некои области, земјата не апсорбира вода доволно брзо, а дождот паѓа сè повеќе“, рече Хозе Пепе Дијаз, секретар на округот Мајами Дејд.

Градоначалникот на округот Мајами Дејд, Карлос Хименез, изјави дека е во контакт со службите против поплави, кои се обидуваат да испумпаат вода од поплавените подрачја и да извлечат заглавени возила.

Досега „Ета“ имаше просечна брзина на ветрот од 100 километри на час.

Related posts

Заев се слушна со Фон дер Лајен: Брисел потврди дека С. Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција со ЕУ

admin

Chanel stages Métiers d’art 2020 show in the most incredible French castle

admin

Вјоса Османи в.д. претседател на Косово

admin