30.6 C
Los Angeles
August 18, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Ватикан: Папата им нуди бесплатно тестирање на бездомниците и сиромашните во Рим

Папата Франциско им нуди бесплатни тестови на коронавирус на сиромашните и бездомниците во Рим како дел од римокатоличката прослава на Денот на сиромашните, соопшти Ватикан.

Тестовите може да се направат на Клиниката „Свети Петар“, која папата пред неколку години ја обезбеди со основни медицински материјали за најсиромашните кои живеат во околината на Ватикан.

Италија во средата ја премина бројката од еден милион заразени од коронавирус, што ја прави една од 10-те најтешко погодени земји во светот, според бројките на „Ројтерс“.

Архиепископот Рино Физикела пред новинарите изјави дека дневно се прават 50-ина тестови на коронавирус и дека оваа иницијатива ќе продолжи на неодредено време.

Оние што се негативни на тестот добиваат сертификат со кој може да добијат засолниште, а оние што се позитивни на коронавирусот се испраќаат на лекување.

Related posts

Џорџ Клуни бил хоспитализиран по нагло губење тежина за филм

admin

Во ковид-центрите на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари

admin

Дембеле ќе добие нов договор

admin